среда, 28 јануари 2026

„Кавалерија Рустикана“ вечерва во Националната опера и балет

Операта во еден чин, „Кавалерија Рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, ќе биде изведена вечер во Националната опера и балет (НОБ), соопштија од установата.

Објавено на

часот

Сподели

Ова оперско дело претставува едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Маскањи и останува еден од најизведуваните наслови на светските, како и на домашната оперска сцена. Станува збор за интензивна приказна за љубовта, љубомората и одмаздата.

„Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари – Италија, со сценографија на Зоран Николовски и костими на Елена Дончева, овој спектакл ќе се одржи во 19:30 часот на големата сцена на НОБ. Очекувајте силни емоции и славното ‘Интермецо’“, порачаа од Националната опера и балет.

Во солистичката екипа настапуваат: Благица Поп Томова во улогата на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков во улогата на Алфио, Александра Лазаровска Василевски како Лола и Марика Поповиќ во улогата на мајка Лучија, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер во кој човечките страсти и неминовната судбина се прикажани со директна драматичност и силна музичка моќ, оставајќи длабок впечаток кај публиката уште од својата премиера до денес, стои во соопштенито по повод претстојната изведба на оваа опера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ