Од 3 до 6 јуни на сцените на Младинскиот културен центар и на Нацио0налната опера и балет ќе настапат: GUITARI BARO, BCUC, NILS ØKLAND & SIGBJØRN APELAND, DOBRILA & DORIAN, RAÜL REFREE & MARIA MAZZOTTA, LES AMAZONES d’AFRIQUE, MATCHUME ZANGO и ZAWOSE QUEENS.
Учесниците се од вкупно 15 земји, во најголемиот број африкански. Во прудружната програма на Оффест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“.
Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во НОБ, а последната во МКЦ. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 16 април.






