понеделник, 16 март 2026

Јубилеен – петти Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес

Јубилејното петто издание на Театарскиот фестивал „5 РЕ“ во Велес на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов“ започнува на 27 март – Денот на Театарот  со премиерата на претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов и настапот на актерите на велешкиот Театар. На фестивалот кој ќе трае до 8 април ќе бидат прикажани вкупно девет театарски претстави од кои две на странски театри, од Подгорица и од Врање, информираа на денешната прес-конференција што го организираа Општина Велес и претставници од Велешкиот театар.

Објавено на

часот

Сподели

На театарскиот фестивал „5РЕ“ и годинава, ќе се доделат наградите за најдобра претстава, за режија, за главна машка и за женска улога, за споредна машка и за женска улога, како и награда на публиката. Воедно  ќе се додели и наградата за животно дело „Петре Прличко“.

Годинашни членови на фестивалската жири комисија се Зорица Панчиќ, минатогодишната добитничка на награда за најдобра главна женска улога,  Владимир Тулиев – актер и Елеонора Теова – режисерка.

Како што соопшти Ненад Витанов од организиациониот одбор на Фестивалот, поради големиот интерес на публиката претставата „Тестостерон“ ќе биде прикажана и репризно на 28 март или наредната вечер по премиерата и свеченото отворање на фестивалот.

Додаде дека влезниците за претставите на фестивалот по цена од 300 денари ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, на 23 март, во 10 часот и нема да има можност за резервирање.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ