недела, 14 декември 2025

Јовановиќ: Прикажавме авангардни филмови на унгарската филмска вечер во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови  „Три илјади изброени  парчиња“ и „Без здив“.

Објавено на

часот

Сподели

Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“ , а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.

„Силно авангардниот и ангажиран филм ‘Три илјади изброени парчиња’ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот ‘Без здив’ во режија на Каталин Молдовај. Настанот привлече бројна публика, а филмот ‘Три илјади изброени парчиња’ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека  предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества“, изјави Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ