„Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А- листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 година. Фестивалот е познат по тоа што комбинира светски премиери, авторски филмови и амбициозни независни продукции од различни земји, се наведува во соопштението.
Предвидено е „Јон Вардар против галаксијата“ денеска да има уште една проекција во Москва.
„Првиот македонски долгометражен анимиран филм успешно го продолжува својот фестивалски живот, откако минатата недела се прикажуваше и на Меѓународниот фестивал во Буенос Ајрес, БАФИЦИ, што се смета за најголемиот и најважен фестивал за независен филм во Латинска Америка“, се истакнува во соопштението.
„Јон Вардар против галаксијата“ е поддржан од Агенцијата за филм, со копродукции од Унгарија, Бугарија и Хрватска. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо од „Линкс студио”, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Скорин, арт – директор е Михајло Димитриевски- Мичо, а директор на анимација Димитар Ѓоргиев.