понеделник, 14 јули 2025

Изложба за ликот и делото на Владимир Полежина

Изложба посветена на животниот пат и дело на Владимир Полежина 1912-1980 од авторот Илија Василески ќе биде отворена денеска во Музејот на македонската борба за самостојност.

Објавено на

часот

Сподели

Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега необјавувани материјали, изложбата го портретира ликот и делото на Владимир Полежина, како и неговата улога и неговите заслуги во втемелувањето на македонската држава.

Интелектуалец, доктор на правни науки во Сорбона, Франција, учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија до 1951 година, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, делегат на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија, но и лице кое е репресирано на линија на Информбирото.

Изложбата се организира по повод 45 години години од смртта на Владимир Полежина во соработка со неговото семејство, и ќе биде отворена за публиката до средината на август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ