На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе македонски и европски институции, а кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките, стопанските и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија, сведоштва за убавините на секојдневниот и духовниот живот на населението кое тука живеело пред 8 000 години.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам во рамки на проектот „70 години НУ Завод и музеј – Прилеп“.






