Настанот, како што е наведено, е дел од проектот Уметноста има став, што го организира Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана“. Според нив, уметноста покрај тоа што има став, има и срце, преку чин на солидарност и емпатија.
„Преку програмата ‘Уметноста има став’, средношколците не само што добија вештини, тие добија и простор да се изразат, да се слушнат и да остават трага. Гласот на младите има вредност, а преку уметноста ќе покажеме дека можеме да влијаееме и да креираме промена, затоа што имаме генерации кои размислуваат критички, делуваат храбро и создаваат со срце“, посочува Фондацијата Фридрих Еберт.