За приказните зад делата ќе чуеме од менторите Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски. Тие ќе го претстават проектот Shared Horizons, компонента II, по што ќе следуваат обраќања на амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер и директорката на ALDA Balkans, Катица Јанева.

Ќе бидат претставени наградените дела во рамки на раскажувачкиот натпревар „Мостови кои спојуваат“, по што ќе следува отворање на изложбата.

Вечерта ќе биде заокружено со музички настап и простор за неформално дружење.
Изложбата е дел од меѓународниот проект „Shared Horizons“, компонента 2, имплементиран од ALDA и поддржан од Expertise France.






