понеделник, 15 декември 2025

Изложба „Пловидба“ на Александра Ацеска во Мобилната галерија

Во Мобилната/Монтажна галерија во Паркот на Франкофонија, вечер од 18 часот ќе биде отворена самостојна изложба „Flow (Пловидба)“ и промовирана книга на уметницата Александра Ацеска, во организација на Центарот за современи уметности – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот соопшти дека во рамки на промоцијата ќе се одржи разговор за концептот „Пловидба“ помеѓу авторката Ацеска, Филип Димкоски и Иван Ивановски.

„Пловидба го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела, како и уметничка книга која се состои од неколку приказни инспирирани од искуството на уметницата во Кина и четири жени чии патишта се спојуваат и разидуваат, во периоди на промени, интроспекции и созревање. Пловидба ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации, туку текови што ги учиме“, наведува Центарот за современи уметности – Скопје.

Александра Ацеска (1994, Прилеп) живее и работи во Фошан, Кина. Во 2017 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности Скопје, отсек сликарство и графички дизајн, и на ФМУ во 2023  магистрирала сликарство. Имала неколку самостојни изложби, учествувала во голем број групни и е добитник на домашни и меѓународни награди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ