понеделник, 8 декември 2025

Изложба „Од чета до армија“ во Музејот на македонската борба за самостојност

Изложбата „Од чета до армија“ од авторот м-р Бојан Трпевски, водич историчар, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност утревечер во 19 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Преку примероци на оружје, фотографии, документи и други материјали, изложбата ќе ги претстави клучните етапи од процесот на создавање на македонските вооружени сили – од ајдутството, преку востаничките чети и одредите во Народноослободителната борба, до создавањето на македонската армија како еден од најважните столбови на државниот суверенитет и независност.

Изложбата е поддржана од Годишната пограма за национален интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2025 и ќе биде отворена за публиката до крајот на септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ