понеделник, 14 јули 2025

Изложба на Томе Аџиевски

Во рамките на манифестацијата Скопско лето 2025 в сабота во Музејот на град Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“од нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски.

 

Објавено на

часот

Сподели

Трагајки по топосите на источноевропската авангарда авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија.

Уметникот ќе раскаже 5 визуелни приказни за первертираната перцепција кон вистината што перманентно ни се случува од бившата држава, па сѐ до денес.

Публиката ќе биде вовлечена во „Зона фобија“ рушевина од старата железничка станица сместена меѓу модерни облакодери. Утопија среде анти утопија, вистинска метафора за нашиот постземјотресен менталитет.

На изложбата симболично ќе бидат раздавани каталози од разни изложби на авторот по симболична цена, а собраните сретства ќе бидат донирани на здружението за заштита на животните „Aима мунди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ