Зорица Ташовска Илова, кустос историчар на уметност во Музејот, рече дека станува збор за уникатна уметница која инспирирана од автохтоната сорта грозје „станушина” којашто е симбол на Тиквешкиот регион и неговата вековна традиција, ја претвора лозата и гроздот во скулптурална форма.
Изложбата се состои од 12 скулптури, што зрно по зрно се изработени од челични јажиња-сајли и отпорни материјали што асоцираат на трајност, истрајност и цврстина, исто како и самата лоза.
„Маја го преобразува ладниот метал во органски форми, во впечатливи облици што раскажуваат приказна за плодноста и врската меѓу човекот и природата. Гроздот не е само симбол на виното, туку и сведоштво за тоа како уметноста може да го преобрази секојдневниот материјал во поетска форма. ‘Душата на гроздот’, е приказна за идентитетот, корените и гордоста што ја носиме преточена во скулптура“, нагласи Ташовска-Илова.
Со оваа поставка, додаде, младата уметница не само што ја издигнува естетската вредност, гроздот како мотив, туку ја впишува македонската винска традиција во современите уметнички дискурси.
Танева е уметницата, чие дело го краси градскиот плоштад во Кавадарци.






