сабота, 28 февруари 2026

Изложба на Петра Јовановска во Париз

Во среда, на 4 март, во Галерија АП во Париз, Франција, ќе биде отворена меѓународна трио изложба „Разговори“. На оваа изложба ликовната уметница Петра Јовановска ќе се претстави заедно со својата колешка од Словенија и колегата од Франција.

Објавено на

часот

Сподели

Уметничката кариера на Петра Јовановска е длабоко обележана со нејзината
фасцинација од кругот како форма и симбол. Кругот, во нејзиното творештво, не
е само естетска форма, туку и духовна пракса која носи со себе едноставност,
чистота, и истовремено сериозност. Во нејзините дела, кругот претставува еден
вид лична мапа на нејзините внатрешни патувања, размислувања и искуства.
Петра Јовановска е родена 1972 година во Чешка, има завршено
ФЛУ. во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор
и координарор на многубројни ликовни проекти. До сега има реализирано
87 самостојни изложби во Македонија, Чешка, Франција, Словенија,
Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина….. Јовановска учествувала на околу 400 групни изложби, добитник е на бројни награди во Македонија, Чешка, Јапонија, САД и Романија, а учествувала на многубројни меѓународни ликовни
симпозиуми и колонии.
Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура и туризам на
Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ