Антовска не слика традиционални пејзажи, туку создава дела што потсетуваат на маглина, облаци, вода или светлосни сфери. Наместо сложени форми, користи едноставни линии а секоја композиција е изградена околу светлосен центар кој ја формира динамиката на сликата. Меѓу делата се „Капка живот“, „Бран“, „Дождовен џез“, „Стаклени мисли“, „Замрзната тишина“, „Кристална светлина“, како и серијата „Вода – плазма“, во кои водата се појавува како форма што се менува, исчезнува и повторно се создава.
Изложбата ги повикува посетителите да ја почувствуваат енергијата на водата и светлината и да излезат инспирирани. Творештвото на Антовска поврзува природа и човек, видливо и невидливо, со препознатлив лирски апстрактен израз.
Со повеќе од 30 години активно творештво, изложби во Македонија, Србија, Германија, Полска и САД, како и со учества на меѓународни биеналиња, Олгица Антовска се афирмира како една од најзначајните македонски современи уметници со меѓународно признание. Нејзиното творештво гради имиџ на инспиративна и влијателна личност во светот на современото сликарство.






