вторник, 16 декември 2025

Изложба во Брезово на Цветин по повод Светскиот ден на мирот

По повод 21 септември – Светскиот ден на мирот, македонскиот уметник Живко Поповски – Цветин организира нова изложба „Цвеќе на мирот“ во својот роден дом во демирхисарското село Брезово. Денеска, во 12 часот, во дворот на „Куќата на цвеќето на мирот“ Цветин ќе изложи свои слики од четириесетгодишниот уметнички опус.

Објавено на

часот

Сподели

Според овој уметник, мирот е нешто што денес непресушно е најважната алка за подобро утре.

„Во овие времиња мирот е најпотребен. Кога секаде на Планетава Земја говори оружјето, тоа покажува дека ние миротворците имаме уште многу работа. Секој во својата област да се ‘бори’ за мирот, состојба која не ни е дадена само по себе, туку состојба за која треба сите заедно да се залагаме“, вели Цветин.

Живко Поповски – Цветин (роден 1944, с. Брезово) е сликар на мирот и хуманист. Тој е поранешен претседател на Црвениот крст на Македонија и беше номиниран за Нобелова награда за мир. По професија е агроном, но неговиот животен пат го обележуаат новинарството, јавната служба и уметноста во име на мирот.

Поповски – Цветин како уметник е препознатлив по мисијата „Цвеќето на мирот“. Од 1970 година реализирал повеќе од 300 изложби во земјата и светот и подарил повеќе од 70.000 слики, кои пренесуваат порака на мир и надеж. Неговите дела се наоѓаат кај државници, уметници, поети и обични луѓе ширум светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ