вторник, 17 март 2026

Изложба „Лазар Соколов – живот и дело“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески, ќе биде отворена утре со почеток во 19.30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Лазар Соколов е учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и еден од втемелувачите на современата македонска држава на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Преку богат музејски материјал што содржи фотографии, документи, лични предмети, но и досието водено од Управата за државна безбедност на Социјалистичка Република Македонија, изложбата го документира животниот пат на македонскиот интелектуалец кој оставил силен белег врз политичките и економско-социјалните прилики во периодот на создавањето на македонската држава. Експозицијата опфаќа повеќе аспекти од активизмот на Лазар Соколов, како доктор по економски науки образован на Универзитетот во Загреб, учесник во Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945), член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, повереник на народното стопанство и економска обнова, пратеник во Народното собрание на Македонија и плоден научник оставајќи зад себе голем опус од областа на економските науки.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до средината на април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ