Изложбата официјално ќе ја отворат Тихомир Топузовски, в.д директор на Музејот на современата уметност – Скопје, Филип Маршето, прв советник во Амбасадата на Франција, и Матје Лелиевр, одговорен за одделот „колекции“ во Музејот на современа уметност во Лион и куратор на изложбата.
Низ селекција на значајни дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Виргилије Невјестиќ, Енрике Пејсере, се истакнуваат уметници и од целиот свет, кои по Втората светска војна заминуваат во Париз, каде се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници.
Селекција на дела од современи и реномирани автори од Музејот за современа уметност во Лион, како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Лесија и Шурук Хриеш ќе бидат премиерно прикажани за време на изложбата. Тоа дополнително ќе влијае на размислата за миграциите на уметниците и важноста на културната размена.
Изложбата ќе биде отворена во текот на еден месец.
Однапред ви благодариме на објавата на информацијата во вашиот медиум.
Во прилог ќе најдете текст на кураторот Матје Лелиевр, брошура и плакат за изложбата.