недела, 8 февруари 2026

Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Објавено на

часот

Сподели

Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација, велат од Музејот.

Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје.

Изложбата е претставена во повеќе градови во земјата и во странство, а посетителите ќе можат да ја посетат од 8 до 31 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ