При врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, изјави дека на македонските писатели им е особено драго што оваа година за првпат словачки поет е лауреат на Струшките вечери на поезијата, а со тоа и почесен член на Друштвото. Претседателот на ДПМ му посака на лауреатот долги години добро здравје и плодна работа и соработки. Поетот Иван Штрпка, од своја страна, по примањето на плакетата изјави дека ова признание „е и една отворена порта плус, уште повеќе во иднина да се разменуваат поетските енергии меѓу поетите од Словачка и Македонија, бидејќи и на двете страни врските ни се многу важни. Бидејќи сме на истиот брод и пловиме на една палуба заедно.“
Друштвото на писателите на Македонија во изминатите дваесетина години од своето работење веќе имаше воспоставено два поблиски контакти со поети од Словачка: Франтишек Липка и Мирослав Биелик, на кои во 2006 и 2020 година беа лауреати на наградата „Книжевен жезол“, која ДПМ ја доделува во рамки на манифестацијата „Празник на липите“.






