петок, 12 декември 2025

Инклузивна изложба „Патувања“ во Мала станица

Во Мала станица денеска во 12:30 часот ќе биде отворена изложбата „Патувања“, составена од колажи изработени низ креативни работилници организирани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата, која ќе биде поставена во наредните десетина дена, претставува инклузивен проект во кој учествуваа ученици од гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз-Тито“ и ДСУРЦ „Партенија Зографски“, под менторство на студенти од Факултетот за ликовни уметности – Скопје и Универзитетот Фонтис од Холандија. Едукатор на проектот е Маја Димитрова.

Темата „Патување“ инспирираше младите автори да создадат колажи со интервенција на боја, преку кои визуелно раскажуваат приказни за времето – минато, сегашно и идно, истражувајќи технолошки, социјални и морални аспекти. Проектот има цел да ја промовира инклузијата и да поттикне размислување за универзалните вредности како љубов, прифаќање и смислата на постоењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ