вторник, 1 април 2025

„Игри на светлината“ – актови и портрети на Владимир Ѓоргиев   

Владимир Ѓоргиев е истакнат македонски фотограф со четири децении богато искуство во уметничката и комерцијалната фотографија. Неговото патување во светот на фотографијата започнува со црно-белата техника и сопствена лабораторија, создавајќи уникатен фотографски ракопис кој постојано еволуира. Неговата изложба на уметнички фотографии „Игри на светкината“ се одржува во Галерија МКЦ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Неговиот опус опфаќа широк спектар на жанрови – од модна и портретна фотографија, преку  уметнички акт до макро и пејзажна фотографија. Мајсторството во работата со светлото и исклучителното чувство за естетика го издвојуваат неговиот стил, што е особено видливо во неговите едиторијали и насловни страници за престижни списанија, вклучувајќи го и Playboy Macedonia. 
Неговата работа е презентирана на бројни самостојни изложби во Скопје, Полска и Чикаго. Како признат професионалец во својата област, тој бил избран за официјален фотограф и шминкер на Eurovision во Шведска 2000 година. Покрај уметничката фотографија, Ѓоргиев има богато портфолио во комерцијалната и продукт фотографија, создавајќи впечатливи билборди и CD корици за истакнати уметници. 
Последните 12 години активно работи и во полето на stock фотографијата, додека во најновата изложба „Игри на светлината” се враќа на своите омилени теми – уметничкиот акт и портретот, демонстрирајќи врвно мајсторство во манипулацијата со светлото. 
Изложбата ќе може да се посети до 24 април. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ