сабота, 13 декември 2025

ИФФК „Браќа Манаки“се затвора вечерва во Битола со филмот „Диџеј Ахмет“ – од 1 октомври во киносалите

Со проекција на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски, филм во кој кинематографер е Наум Доксевски, вечер во Битола завршува 46-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Објавено на

часот

Сподели

Според програмата, пред проекцијата на филмот, доделени ќе бидат специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност која годинава му припадна на американскиот оскаровец Воли Фистер, и традиционалната награда на Друштвото на филмските професионалци на Македонија, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која годинава му припадна на филмскиот композитор Кирил Џајковски.

На фестивалската сцена во Битола, меѓународните стручни жири комисии ќе ги прогласат победниците на ИФФК „Браќа Манаки“ и ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ на кинематографери во филмовите од официјална конкуренција, а ќе бидат доделени и мала „Камера 300“ и железна „Камера 300“.

Македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ наскоро ќе биде емитуван во кино сали во САД, Канада, Австралија и низ Европа, информираа од тимот кој беше претставен во фестивалскиот прес центар на ИФФК „Браќа Манаки“.

Со филмот „Диџеј Ахмет“ вечер завршува натпреварувачкиот дел на фестивалот, а на 1 октомври ќе има македонските киносали.

„Снимавме на различни локации, теренот го истражувавме долго, често и веруваме дека тоа на публиката ќе ѝ се допадне. Го снимавме населението и посебно народните носии кои се уникатни. За време на снимањето се соочивме со многу предизвици затоа што снимавме во сончеви денови, но и кога имаше дожд, магла, снег…и мислам дека успеавме, затоа што тимот беше полн со позитивна енергија“, истакна кинематограферот, Наум Доксевски.

На прес конференцијата во Битола учествуваа режисерот Георги М. Унковски и актерите Агуш Агушев, Ариф Јакуп и Дора Акан Златанова, кои како што беше речено биле избрани во селекција од над 2.000 кандидати за толкување на главните улоги во филмот.

„За мене беше многу фасцинантно и убаво да учествувам во филм. Посебно беше интересно да споредам како во денешнот време се живее во една средина со посебни услови и начин на живеење, а толку блиска до урбаните центри“, посочи актерката Акан Златанова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ