среда, 10 декември 2025

Хумористичната серија „Чаршија“ ја освојува дигиталната публика 

Чаршија“ е нова хумористична серија инспирирана од живототликовите и духот на Старата скопска чаршија. „Чаршија не е само серија, туку жив организам. Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“, вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на серијата. Оваа недела излегува 15-та епизода од 36-те епизоди предвидени за оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Форматот е составен од кратки епизоди од 3–5 минутинаменети за дигитални платформи, снимани директно во срцето на Чаршијата во студио изградено во самиот нејзин центар. Преку хумор и човечки приказни, „Чаршија“ ја прикажува мултикултурноста, занаетчиството и урбаните менталитети кои живеат едни покрај други во овој најстар и најавтентичен дел од градот.

Во серијата настапуваат познати актерите Борче Начевво улога на Ристо берберот, Жаклина Петровскаво улога на покојната сопруга на Ристо, Селпин Керимво улога на Конфучијфилозофот на Чаршијата, Сузан Акбелгево улога на Севим слаткарката, Хамди Рашити, во улога на Куштрим бурекчијата, Џенап Саметво улога на Насер слаткарот, Адриан Азири, во улога на министерот за образование, Ванеса Петровци, во улога на Венера активистката, Јеткин Сезаир во улога на Омер, Дин Ибрахим во улогата Беркан, Стефан Николовскиво улога на Миладин ковачот, Беркан Ахметво улога на Арџенд златарот, Сон Бејта во улога на Артан златарот, Рајмонда Ахметајво улога на Дрита професорката, Бену Шахинво улога на Ера инфлуенсерката, Милена Блажевскаво улогата на Тања – ќерка на берберот Ристо, Бурханеттин Ибрахим во улога на Ферус забарот, Oja Саметво улога на Амина, Гоце Андоновво улога на чиракот Марко, Дарја Ризоваво улога на Пејачка, Александар Михајловскиво улога на Оџа, Аксел Мехмедво улога на Поп, Теона Симаво улога на туристички водич, Никола Мишковскиво улога на Готвач и многу други.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ