среда, 2 април 2025

Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ од театар „Чекори“ на Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот, театар „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда, Скопје. Претставата е закажана за денеска во во 20 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани во фондот за помош на настраданите и повредените oд Кочани.
Влезот за претставата е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што сака, може да придонесе според своите можности.
Режисер на претставата е Маја Ѓурчевска, актерската екипа ја сочинуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски, а тон и светло мајстор е Рој Стефанова.
Пораки за светски ден на театарот читаат: Никола Кузманоски, Зорица Станковска и Михаил Митески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ