Филмовите ќе бидат прикажани вечерва со почеток од 20:30 часот во амфитеатарот во Струмица.
Македонскиот „Избор“ на Марко Црногорски ја освои „Златната потковица“, „Сребрената потковица“ ја доби „Сок од портокал“ на Александар Атане, а „Бронзената потковица“ ја понесе „Еј, Ханун“ од Лина Тадун и Софијан Шуеб.
Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ ја доби хрватскиот „Самотија“, а за најдобар режисер „Ацо Алексов“ беше избран „Турбо-нет“ на Надежда Панов.
Специјални признанија добија „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска и „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска, додека, наградата од публиката ја освои „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер.
Во рамки на фестивалот беа прикажани и филмовите „Лена и Владимир“ на Игор Алексов и „Писмо“ на Васил Христов, а се одржа и филмска посета на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса, како и промоција на нови изданија од филмолошка и уметничка литература во „Јуроп хаус“






