недела, 13 јули 2025

Грчко-француската копродукција „Ривиера“ jа отвора Неделата на франкофонски филм во Скопје

Амбасадата на Грција во Скопје го отвора годинашното издание на Неделата на франкофонски филм со проекција на филмот „Ривиера“, грчко-француска копродукција од 2024 година, која претставува горчливо-слатка приказна за процесот на созревање , емоционалната конфузија што ја вклучува и силата да се продолжи напред.

Објавено на

часот

Сподели

Проекцијата ќе се одржи в понеделник, 23 јуни, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија. Филмот е во режија на Орфеас Переѕис, а продуценти се Константинос Василарос и Александар Гаврас.

„Ривиера“ ја освои наградата од жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), наградата FOS за најдобра изведба, наградата ERT (грчка радиодифузна корпорација) како и наградата за најдобра актерска изведба „Орфеј“ на грчкиот филмски фестивал во Лос Анџелес во 2025 година.

Влезот за проекцијата на „Ривиера“ е бесплатен.

Овогодишната Недела на франкофонски филм  ќе се одржи во Кинотека од 23 до 30 јуни 2025 година со богата филмска програма. Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија, Франција и Канада

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ