Проектот за ТВ-серија „Авантурите на една турбо фолк принцеза“ од авторите Андреј Волкашин и Петар В’лчев, а во продукција на ОXO беше селектиран меѓу петте серии на овогодинешното издание на престижниот Conecta FICTION & ENTERTAINMENT во Толедо, Шпанија, интернационален маркет за креирање, развој, продуцирање и финансирање на телевизиски содржини.







