среда, 9 април 2025

Голем сценски спектакл во МНТ – „Сонцето, колку е блиску сонцето“

На 13 ноември во 20 часот премиерно ќе се одржи големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски.

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа претстава ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината. Претставата ќе претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на сите големи актери, режисери, драматурзи, но и на сите оние луѓе кои се позади кулисите и помагаат во создавањето на сценскиот универзум во МНТ. Во претставата ќе учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи. Публиката ќе биде на едно големо патување во театарот на сонцето. Овој голем сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со посебен акцент на воздушната акробатика и 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавањето на мултимедијални сцени на оригинален начин, пред сѐ преку силно визуелен израз да се раскаже за 80-годишното театарско постоење на МНТ.

Во авторскиот тим на овој голем спектакл се потпишуваат: Дејан Пројковски – режисер, Валентин Светозарев – сценограф, Горан Трајкоски – композитор, Сергеј Светозарев – дизајнер на 3Д-видеомапингот и Марија Пупучевска – костимограф. Премиерата е на 13 ноември, следните изведби се на 14 и 17 ноември 2. Билетите за  изведбите на спектаклот ќе бидат пуштени во продажба од денеска преку веб-страницата, www.mnt.mk, како и на билетарницата во МНТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ