„Ова е вечер кога сцената ќе оживее со „Ритамот на душата, бојата на традицијата“- мотото под кое се одвива тековната концертна сезона. Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор“, велат од ансамблот.

На програмата се мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни, раскош на народни носии од сите краишта на Македонија, кореографски решенија кои ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз и врвни играорци, пејачи и музичари на Ансамблот кои го носат македонскиот идентитет низ светот.







