четврток, 19 март 2026

Гевгелиска промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“

Во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, на 26 март ќе се промовира последното издание на филмскиот критичар Влатко Галевски, „Калиграфи на филмското писмо“. Настанот е закажан во 19 часот во хотелот „Аполонија“, а промотор на изданието е проф. д-р Александар Прокопиев.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Изданието на Галевски прикажува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмот меѓу кои се Вим Вендерс, Ингмар Бергман, Андреј Тарковски, Дејвид Линч, Акира Куросава, Ларс фон Трир и Аки Каурисмаки.

„Структурата на ‘Калиграфи’ е прилагодена на триетапниот приод на Галевски во разоткривањето на творечките лавиринти кај секој еден од одбраните режисери… Така, се воспоставува едно фино струење во ракописот на Галевски, една движечка низа од изненадувања, што ‘Калиграфи’ го дарува со ритам што отвора различни димензии“, се вели во рецензијата на изданието.

Јавната општинска установа „Гоце Делчев“ ги поканува сите љубители на фимската уметност и на книжевноста да ја проследат промоцијата на ова книжевно дело

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ