понеделник, 15 декември 2025

Галичник филм фестивал 2025: „Галичник е филм што не престанува“

Од 1 до 3 август ќе се одржи шестото издание на Галичник филм фестивал со 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во. Фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.

Објавено на

часот

Сподели

„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“

Фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.
Галичник повторно станува филмска зона – меѓу камените куќи, ехото од „Тешкото”, и погледи што не се купуваат – благодарение на пријатели, фирми со слух и поддржувачи кои веруваат дека на културата не и треба дозвола за да постои, велат организаторите.

Во амбиентот на амфитеатарот кај Упија, под отвореното небо и меѓу старите дрвја, филмот оживува со посебна топлина и магична енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ