Оваа гала вечер е дел од европската турнеја „Кина низ културата: прекрасниот Сичуан“ и симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија. Претставата е визуелна гозба што ги спојува традиционалната и модерната кинеска уметност. Од класичниот приказ на „Четирите легендарни убавици“ преку митовите во „Златниот мајмун ја пречекува пролетта“, танцот на „Кои Карп“ до магичната уметност на менување лица, програмата го прикажува уникатниот шарм на кинеската култура низ богат и разновиден сценски израз. Претставата комбинира врвна техника, сценска естетика и современа креативност, создавајќи искуство што ги плени очите, слухот и емоциите.

Влезниците се бесплатни, со тоа што мора да се изврши резервација електронски или да се подигнат влезници од билетара.






