понеделник, 8 декември 2025

Франговска: „Со и без“ на Сотировска е феминистичка критика на невидливите структури кои ги дефинираат животите на жените

Вчера вечер во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб, Хрватска беше отворена изложбата „Со и без“ на Марија Сотировска Богдановска која што нуди плодна почва за феминистичко теоретска интерпретација, особено во тоа како се осврнува на често невидливите и потценетите аспекти на трудот – финансиски и емоционален – кои ги погодуваат жените во се’ уште патријархално доминантните семејства на Балканот.

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата ја отвори директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека, „Со и без“ е интерактивна инсталација што инсистира на активен гледач и учесник . во релација со аспектите на рутината на дневниците и архивите кои не’ соочуваат со поголемите универзални проблеми на родовата нееднаквост и економската зависност.
„Во целост, ‘Со и без’ на Сотировска може да се гледа како феминистичка критика на невидливите структури кои ги дефинираат животите на жените. Со тоа што ги прави видливи линиите, циклусите и невидливите натписи што ги структурираат просторите на инсталацијата, таа ги поканува гледачите да размислат како истите тие сили дејствуваат во животот на жените, често незабележано и непризнаено. Инсталацијата се усогласува со целта на феминистичката теорија за разоткривање и предизвикување на скриената динамика на моќта, трудот и емоционалниот товар што непропорционално влијае на жените и во јавната и во приватната сфера“, истакна кураторката на изложбата д-р Ана Франговска.
Марија Сотировска Богдановска е дипломиран сликар со реставрација и конзервација, а потоа се стекнува со научното звање магистер по ликовни уметности од областа сликарство, на тема: „Артифициелноста на Маријола“ под менторство на проф. Благоја Маневски, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На истиот факултет станува доцент на за Сликарство и трансмедиумски практики.
Има реализирано бројни самостојни и групни изложби во Македонија и странство, Куманово, Скопје, Струмица, Берлин, Софија, Белград, Гнилање, Подгорица, Загреб,Сплит, Прага, Москва, Пекинг и други.
Марија Сотировска Богдановска е ко-автор и една од основачите на Сликарската тајфа „Св.ап. Лука” при МПЦ со која имаат реализирано повеќе монументални проекти од применетата уметност низ земјава и странство, меѓу кој е и иконостасот за црквата Св. Злата Мегленска во Загреб.
Таа е исто така една од основачите на на групата АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. и дел  од женската група МОМИ кои имаат реализирано десет изложби во земјава и странство.
Изложбата „Со и без“ на Марија Сотировска Богдановска ќе биде поставена до 16. ноември., каде сите заинтересирани љубители ќе можат да ја погледаат во присуство на авторката.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ