среда, 21 јануари 2026

Филмови од „Киненова“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија од денеска до сабота ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на „Киненова“ како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и други наслови.

Објавено на

часот

Сподели

Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап  отвораат културни и општествени прашања.

Во ова зимско издание на „Киненова“ ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој бече член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ