вторник, 16 декември 2025

Филмот „Мајка“ на Теона Митевска во Венеција

На 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција денеска, се одржа светската премиера на филмот „Мajка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска, соопшти Агенцијата за филм.

Објавено на

часот

Сподели

Филмот, како што се наведува во соопштениео, ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.

„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Калкута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.

Филмот, се наведува во соопштението, е копродукција на Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ