понеделник, 8 декември 2025

Филиповски: Време е да се одјавам, државата не ја препознава сопствената рок – култура

Објавено на

часот

Сподели

Во емотивното обраќање преку Фејсбук Филиповски вели:

„Е па драги мои пријатели…изгледа дојде време да се одјавиме. Кога не ми го почитуваат она што го работам во, и за сопствената држава, најпаметно е да се повлечам.

Сериозно размислував и за борба, да се докажувам, полемизирам….ама сфатив дека немам повеќе енергија за такво нешто. Едноставно го убија креативниот дух во мене…Мизар-Откровенија 1981-2021 ќе биде последната книга што ја објавувам. Имав план за објава на 10-15 книги….една годишно но…

Некои идни генерации нека продолжат таму каде што застанав. Ова Министерство, оваа гарнитура, смета дека повеќе не се потребни вакви монографии/енциклопедии….ниту пак аудио документирање на македонскиот рокенрол. А и според она што набрзина го видов…..македонската музичка култура во 2022 година ќе биде со акцент на класичната музика….рокенрол колку да се каже дека го има.

Така процениле, така нека биде. Кога генерално никој не се буни…..така ќе остане. Јас немам сила да одам повторно сам против ветерници. Наивно мислев дека со објавата на Енциклопедијата во 2018 година престанаа тие бирократки проблеми и во иднина ќе биде важен креативниот и квалитативен процес… но сум се излажал.

Во изминативе 4 години (од мај 2018 па ете до март 2022 (кога ќе биде промовирана монографијата за Мизар), покажав што можам и како можам и што е она што заслужува да го има македонската музика. Но некој таму процени дека тоа е неважно/безначајно за да продолжам со темпото кое сам си го наметнав, а кое институциите просто не се подготвени да го следат. А, верувајте, беше исцрпувачко за мене, ама сепак е убаво чувтсвото кога објавата се држи во раце.

Антологија на Македонската Рок Поезија
Монографија за македонските Фанзини

Ова беа двете книги за кои аплицирав и за кои сум одбиен. За новите винили од серијалот Македонски Архив, исто така ќе почекате, можеби за некоја година….некои помлади генерации ….

Толку од мене. Јас, од март 2022 се пензионирам со пишување. Искрено се надевам ќе уживате повремено прелистувајќи ги:

Македонска Рок Енциклопедија 1963-2018
Македонска Дискографија-Винили 1958-2019
Македонски Рок Времеплов
Мизар-Откровенија 1981-2021

Благодарност за довербата и доделената награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин”. Но претпоставувам дека сега, со оглед на ситуацијата, повеќе не ја заслужувам, затоа што не ми значи награда ако сум спречен да го дадам најдоброто од себе!
Подобро ќе менував награда за нова книга посветена на Македонската музичка историја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ