понеделник, 5 мај 2025

Фестивалот „Браќа Манаки“ објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, објави повик за пријавување филмови.

Објавено на

часот

Сподели

Од ИФФК „Браќа Манаки“ соопштуваат дека јавниот повик ќе биде отворен до 27 јуни до кога филмските работници со свои проекти може да обезбедат учество на 46. издание на фестивалот и да конкурираат за главните или почесните награди на фестивалот.

Според востановената традиција, учесниците на фестивалот освен за престижната награда златна „Камера 300“, конкурираат и за други фестивалски признанија, а организаторот доделува и Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематска уметност, Златна камера 300 за креативна синергија, како и Голема ѕвезда на македонската кинематографија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ