четврток, 17 јули 2025

Фанк шуи – видео спот за песната „Никогаш пак“

Фанк шуи (Funk Shui) ја почнуваат годинава со нов видео спот за песната „Никогаш пак”, издаден денес на 25 Јануари во 12 часот на нивниот Јутјуб канал.

Објавено на

часот

Сподели

„Спотот е снимен низ локациите кои ги искористивме за осознавање и оформување на сами себе во младоста, кои ги осеќаме како дома, можеби повеќе од сопствените тогашни домови. Обидот е да се долови бруталистичката архитектура, потписот на нашето родно место и симболот на солидарноста и давањето, начинот на кој ние го разбирам и сфаќаме Скопје и нешто што можеби се третира и во текстуалноста на оваа песничка. Оддаваме почит кон Скопје заедно со Владислав Гавриловски, визуелниот резидент и камерманско/режисерскиот ум на оваа бетонска градина од спот. Песната е балада за превртливата врска помеѓу писателот и Скопје и неколку скопјани. Сите други писателот ги сака и ќе биде тука за нив, како 78-те земји кои беа тука за Скопје по земјотресот во 1963-та”, пишува во објавата на Фанк шуи.

Лани оваа македонска група одржа преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб…), го издаде долгоочекуваниот албум „Никогаш пак” на 31 Март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот културен центар. Нумерите на албумот во рекордно време се позиционираа на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот.

Видео записот е на Владислав Гавриловски. Музиката и текстот се на Фанк шуи, а аудио продукцијата повторно на Бен Милчев.

Синглот „Никогаш пак”, како и истоимениот албум е достапен на сите дигитални платформи за слободно преслушување и се наоѓа на повеќе од 150 дигитални музички продавници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ