петок, 30 јануари 2026

Европскиот мегахит роман „32 март“ со македонски превод достапен за читателите во издание на „Матица“

„Матица македонска“ го објави европскиот мегахит роман „32 март“ од познатиот каталонско-шпански писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик.

Објавено на

часот

Сподели

. Ова е прв превод на Балканот на најновиот роман на најдобро продаваниот писател во Шпанија. Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната деценија – ремек дело не само на каталонската, туку и на европската и на светската книжевност. Роман што го освојува вниманието на читателската публика ширум Европа, со највисои оцени на сите релевантни читателски форуми.

„ ‘32 март’ е роман за борбата меѓу ужасот и убавината. Тоа е денот кога животот нѐ дарува кога најмалку очекуваме. Хавиер Боск ни покажува дека вчерашните сенки се ризици на денешниот ден. Ни ја открива пропагандата како оружје за масовно заведување, и музиката како инструмент за спасение. И ни ја опишува застрашувачката сила на љубовта. Роман – симфонија од детали и емоции, танц на два временски периоди“, оценува критиката.

 

Инаку, Хавиер Боск е прогласен за најдобро продаван писател дури петпати во неговата татковина – Шпанија. Добитник е на двете најпрестижни награди во каталонската литература: наградата „Сан Џорди“ (2009) и „Рамон Љуљ“ (2015). Боск е еден од највлијателните писатели за фудбалскиот клуб Барселона. Покрај како писател, ценет и како новинар со долга и богата кариера. Глумел на радио и телевизија, создал неколку успешни аудиовизуелни формати и работел како уредник на весник. Исто така, режирал два документарци за класичната музика и дејствува како редовен член на Каталонската јазична комисија.

Дејството на романот „32 март“, вистински почнува еден ден, кога откако доживува нешто што длабоко ја вознемирува и ѝ предизвикува големо страдање, ликот Барбара решава да најде засолниште во Париз. Се сместува кај баба ѝ, Марго, со која е посебно поврзана. Едно утро во 2008 година, во годината кога снегот ја затрупа земјата, Барбара наоѓа непознат млад човек заспан на нејзиниот црвен кауч. Таинствениот фотограф, кој никогаш не правел фотографии на луѓе, ќе ѝ помогне во една неочекувана потрага. Заедно ќе ги откријат тајните на мами Марго, жената што ја преживеала окупацијата на Париз во Втората светска војна.

Објавувањето на овој роман во превод на македонски јазик е резултат на заложбите на „Матица македонска“, македонските читатели, во превод на македонски јазик да ги имаат највредните дела од поновата светска книжевна продукција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ