Како што соопшти продуцентската куќа Трето уво со цел поголема промоција и афирмација на современата македонска џез сцена организира циклус концерти под наслов JAZZOTERIA. Станува збор за шест ексклузивни настапи на врвни македонски џез музичари: Гордан Спасовски, Дуња Иванова, Тони Китановски, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Ѓоле Максимовски, што ќе се одржат во аудиоцентарот Аудиокултура Скопје
„JAZZOTERIA“ претставува интимен и автентичен музички формат, во кој секој од уметниците ќе се има свој соло рецитал, откривајќи ја личната музичка визија, импровизацијата и креативната слобода што ја носи џезот, се наведува во соопштението и се додава дека публиката ќе има ретка можност да ги слушне овие исклучителни музичари во блиска и акустично совршена атмосфера.
„’JAZZOTERIA’ има цел да поттикне промоцијата и популаризацијата на сè поквалитетната македонска џез сцена, која во последните години се развива со силна креативна енергија и со музичари што се препознатливи и надвор од земјата. Преку овие концерти се отвора простор за директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и за ново доживување на современиот џез израз, вели Иво Јанкоски продуцент н проектот.
„Организатор на циклусот е продуцентската куќа Трето уво, која со години активно делува на македонската музичка сцена преку организација на концерти, фестивали и музички проекти. Трето уво е етаблиран како значаен двигател во промоцијата на современата македонска музика, особено во нејзиното претставување пред меѓународната публика и културните сцени надвор од земјата“, се додава во соопштението.
Циклусот на џез концерти „JAZZOTERIA“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.






