вторник, 31 март 2026

Две хит-претстави на Драмски на фестивалот „5РЕ“ во Велес

Со хит-претставите „Куршуми над Бродвеј“ на 31 март и „Болва в уво“ на 2 април, Драмскиот театар од Скопје  ќе учествува на петтиот театарски фестивал „5РЕ“ во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Драмски театар, претставата „Куршуми над Бродвеј“ што ќе се игра вечерva со почеток во 20 часот на сцената на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е  работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт. Режијата и драматизацијата се на Ненад Витанов, сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите се изработени по креација на костимографката Елена Вангеловска. Сценските движења на актерите ги подготви Маја Каревски. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска.

Улогите на ликовите во претставата „Куршуми над Бродвеј“ ги играат актерите на ансамблот на Драмскиот театар: Игор Стојчевски, Јована Спасиќ, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Александра Павлова-Бубања, Роберт Вељановски, Александар Степанулески, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Златко Митрески, Дениз Абдула, Ања Митиќ, Игор Георгиев и како гости Мартин Мазнев и Енис Билаловиќ.

Во четврток на 2 април ќе се игра претставата „Болва в уво“ на режисерот Синиша Евтимов која беше премиерно изведена на 17 декември минатата година. Во уметничкиот дел од тимот на претставата работеа: Мартин Манев, сценограф и Раде Василев, костимограф. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска. Улогите во претставата ги играат: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Владимир Петровиќ, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Ивана Павлаковиќ и како гостин игра актерот Петар Стојковиќ.

„Куршуми над Бродвеј“ од премиерата на 18 октомври 2025 година досега има 11 изведби и гостување во Белград на фестивалот РУТА во декември, а „Болва в уво“ досега била изведена десет пати и учеството на фестивалот во Велес ќе биде прво гостување надвор од матичната сцена на Драмскиот театар.

На театарскиот фестивал „5РЕ“ и оваа година освен театри од Македонија, ќе учествуваат и Црногорското народно позориште од Подгорица (Црна Гора) и на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање (Србија).

Театарскиот фестивал се одржува од 27 март до 8 април, во Театарот„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, под покровителство на Општина Велес и  Министерството за култура и туризам, а во организација на 3Г „Плус Публика“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ