Режијата на тетовската верзија е направена од Игор Бачоски-Бачо, кој заедно со Глигорије Стојановски-Гиге и Лазар Саровски-Марта ги толкуваат трите улоги во комедијата.
„Ова е црна комедија во која тематски се зборува за иселувањата од нашата држава, но и како проблем кој хронично постои и кај нас и во соседните земји, прикажан низ маестралниот текст на Мирољуб Недовиќ-Рики. „Азиланти“ е изведувана во повеќе држави во разни концепти“, велат од Драмско студио Тетово.
Билети за претставата можат да се купат во Центарот за култура од 12 до 20 часот.






