среда, 10 декември 2025

Документарецот Езеро од јаболка во Синеплекс

Европската недела за намалување на отпадот (the European Week for Waste Reduction (EWWR), која трае од 22 до 30 ноември создава силна можност младите луѓе од Македонија да размислат за својот еколошки отпечаток и за тоа како нивните секојдневни избори ја обликуваат иднината.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на Европската недела за намалување на отпадот, EU Youth Cinema: Green Deal (EUYC:GD) заедно со локалниот партнер, невладината организација BRIGHT од Скопје, ќе го презентира документарниот филм Езеро од јаболка (LAKE OF APPLES) од Тамара Котевска и Љубо Стефанов, охрабрувајќи ги младите од Македонија да ги истражат регионалните текови на отпад, користење на ресурсите и важноста на одговорната потрошувачка.

Документарниот филм Езеро од јаболка ќе се емитува на 25 ноември со почеток во 12 часот, во ексклузивниот кино партнер Cineplexx. На промоцијата на филмот ќе гостува Фросина Пандурска Драмикјанин, експерт за животна средина и активист. По прикажување на филмот ќе следува дискусија со експертите за животна средина и претставници на УНДП од Македонија. На бесплатната филмска проекција ќе присуствуваат ученици и наставници од неколку училишта.

Овој документарен филм ги следи променливите судбини на прекрасното Преспанско Езеро – едно од најстарите слатководни езера на Земјата, кое обезбедува живеалиште за повеќе од 2.000 видови растенија и животни, од кои многу се уникатни за овој древен екосистем. Со финансирање од Швајцарската агенција за развој и соработка, Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) MK помогна да се намали загадувањето во Преспанското Езеро по 15 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ