Како што информираат од Францускиот институт Скопје, изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест. Настанот се организира во соработка со НВО Центар за деконтаминација од Битола и Француската алијанса во Битола.
Во рамките на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади”, „Фауна” е серија на постери во голем формат кои треба да се набљудуваат со апликација за зголемена реалност. Поставени на јавен простор, постерите се надополнуваат така што нивното разгледување е налик на игра.
„Оживувањето” на постерите преку екранот во зголемена реалност овозможува да се открие некое животинче скриено во длабочината на пејзажот. Оваа изложба нè учи да гледаме поинаку и повнимателно на она што не опкружува и да ја откриеме магијата на градот. Изложбата ја презентира францускиот уметник и актер Матје Пуле, кој ќе одржи серија активности во Битола, вклучувајќи: семинар за наставници по француски јазик, креативни работилници за две групи ученици околу изложбата, посети на изложбата анимирани од страна на актерот Матје Пуле на 18 октомври во 11:30 и 12:30 часот.






