понеделник, 8 декември 2025

„Денови на Јустинијан I“, меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“ ќе биде отворен денеска во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја, Универзитет Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Православниот богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

Објавено на

часот

Сподели

На свеченото отварање свои обраќања ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, проф.д-р Џузепе Маино, коорганизатор од Унивезитетот во Болоња, проф. д-р Илче Мицевски Игнат,  декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Анче Илиевска, директор на Музејот на македонската борба, Паоло Палминтери, aмбасадор на Република Италија, неговото Блаженство г.г. Стефан, aрхиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва и Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” е вклучен во годишната национална програма на Министерството за култура и туризам, и е традиционално поддржан од Италијанската амбасада, Музејот на македонската борба, Македонската Православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана Прва.

Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.

Симпозимот ќе се реализира со комбинирано физичко и online учество. На шесте сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Музејот на македонската борба и преку online платформата Zoom, свои реферати ќе имаат 40-на еминентни проофесори и научници од 16 земји, покрај нашата земја, Италија, САД, Велика Британија, Германија, Полска, Украина, Словачка, Финска, Австрија, Србија, Грција, Бугарија, Романија, Русија и Унгарија.

На почетокот од работниот дел, пленарно предавање ќе има еминентниот византолог, проф. Нилс Гал од Универзитетот во Единбург.

Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите, потврдува дека симпозиумот „Денови на Јустинијан I”, прераснува во еден од најпрестижните научни собири од ваков вид во регионот и пошироко. Со тоа „Деновите на Јустинијан I”, ја постигнуваaт клучната цел за промоција на културното и историското наследство на Република Македонија, со што Јустинијан I станува културен и историски бренд кој ги обединува земјите и нациите кои го споделуваат византиското наследство, како и научниците од Европа и ширум светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ