понеделник, 28 јули 2025

Денеска почнува „Д фестивал“ во Штип, за три дена – 40 изведувачи од Македонија и странство

На две сцени и над 40 изведувачи, вечерва и официјално започнува долгоочекуваниот „Д-фестивал“ – културниот бренд, што според организаторите Штип ќе го претвори во центар на музиката.

Објавено на

часот

Сподели

Овогодинешното издание на фестивалот, кое се случува по 15-ти пат носи рекорден интерес и повеќе од забава, а во фокусот на истиот оваа година ќе биде хуманоста. Собраните средства ќе бидат насочени како поддршка за настраданите од несреќата во Кочани, а со тоа „Д фестивал“ оваа година, ќе биде запамтен не само по музиката, туку и по солидарноста. Стартот е закажан за во 17 часот.

„Чест ми е што Штип ќе биде домакин на ‘Д фестивал’, но и на многу посетители, коишто овој викенд ќе бидат дел од најдобрата забава од ‘Д фестивал’ и ќе присуствуваат во нашиот град. Како ретко кој друг град, Штип може да се пофали со најбогатата музичко, културно програма во текот на годината, а доказ за тоа е ‘Д фестивал’, којшто 15-то издание го организира токму во центарот од истокот на Македонија. Очекуваме бројни посетители, убава забава, да бидеме добри домаќини. Сите сместувачки капацитети се резервирани, исполнети“, рече Јорданов.

Топла покана до сите граѓани, упатуваат и организаторите. Нела Пешовска потенцира дека оваа година од 4 до 6 јули  ќе има преку 40 изведувачи на двете сцени. Инаку, во сите три дена ќе може да се слушне музика за сечиј вкус, како со изведувачи од Македонија со македонска музика, така и со изведувачи од странство, а во Штип дојдат и музичари и бендови од Јамајка и Естонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ