Првата вечер – фолклорна магија (вторник, 26 август): вечер посветена на ритмите и играорците. Ќе настапат културно-уметничко друштво од Република Бугарија, културно-уметничко друштво од Србија , Ф.А. „Китка“ од Истибање , КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.
Втората вечер – рок енергија (среда, 27 август): Спасен Силјаноски, REPLAY BAND – Unplugged со хитови во ново светло и легендарните Дивље јагоде.
На Денот на рударите (четврток, 28 август) во 20 часот вечерта ќе ја отворат најмладите – хорот „Поточиња“ и нивниот Поки. Забавата потоа продолжува со ДЈ Пајак, Митан проект и Андијана Јаневска – совршен спој на традиција и современост, рокерката Дани Димитровска, чиј моќен вокал ќе биде вистинска круна на прославата.
Македонска Каменица повторно ќе пулсира како град на културата, забавата и заедништвото.
„Да прославиме заедно – со рударите, за рударите, и за сите што го сакаат животот во ритам“ – порачуваат организаторите на овој културно-забавен настан.






