недела, 14 декември 2025

Четкар со „Охрид“ по светските дискотеки и со турнеи во Јапонија и Америка

Владимир Четкар преку својата авторска композиција „Охрид“ ремиксана од страна на прочуениот Доктор Пакер (Dr Packer) допре низ дискотеките ширум светот, а во Велика Британија е прекрасно прифатена и за првпат во историјата македонскиот јазик се слуша низ нивните ноќни клубови.

Објавено на

часот

Сподели

„Охрид“ содржи еден дел на македонски јазик и е фузија на повеќе универзални стилови како џез, диско, фанк, боса нова но има и скриен потпис на македонски ритам преку гудачките секции. Со ова универзалност на стилови се потенцира фактот дека Охрид и езерото се светско наследство чија колосална важност далеку ги надминува локалните и регионални граници како и границите на фолклорот.

Ова најнова соработка на Четкар и Доктор Пакер е во пред-промотивна фаза, а официјално ќе се издаде овој петок на Traxsource преку австралиската музичка куќа M2MR records.
Четкар потоа заминува во Јапонија каде ќе одржи концерти во Кјото во RAG на 6 септември и Осака на Osaka Expo 2025 на 8 септември за потоа турнејата да продолжи во Америка во повеќе градови како Њујорк, Детроит, Сан Франциско, Кливленд, Колумбус…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ