
Модератор на промоцијата ќе биде едукаторот при Националната галерија, Маја Димитрова, а промотори на книгата проф. д-р Владимир Мартиновски, д-р спец. Мервиса Драголовчанин, дефектологот Татјана Багеска и лекторите Лорета Трајкоска и Фатима Шкријељ.
Промоцијата ќе започне со поздравен говор на директорката на Национална галерија, Дита Старова – Ќерими, а на настанот е најавено присуство и на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставничката на Министерството за култура, Гордана Велковска, пратеничката и претседателка на Комитетот за односи на заедници, Арбана Пашоли, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ и заменик директорот на Агенцијата за остварување права на заедниците, Џељо Хоџиќ.
Настанот ќе биде збогатен со музичка изведба на класична гитара на Бора Акташ.
„Книгата изобилува со пораки чија цел е будење на свеста и отворање на портите на оваа енигма за сите останати, за нас типичните. По читањето на оваа книга составена од 21 кус расказ, Ве уверуваме дека аутизмот, како и сите останати посебни потреби ќе добијат нова димензија – благородно хумана“, велат организаторите.
Kнигата е издадена на македонски и босански јазик.






